Македонските граѓани летово ќе одат на печалба и во Албанија

Bez autora
Mar 24 2025

На Албанија ѝ требаат повеќе од 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери.

Голем број Македонци што ќе заминат летово на сезонска работа во Албанија, ќе работат како келнери, шанкери, собарки…. Платите во угостителството се за 20 отсто повисоки од македонските, пониски од оние што ги земаат сезонските работници во Хрватска, а на ниво на платите во Црна Гора. Тоа значи дека се движат од 800 до 1.000 евра, а ретко и до 1.500 евра. Од агенциите за посредување за вработување во странство велат дека со оглед на близината на Албанија, сè поголем број наши работници сакаат да одат да работат таму, но проблем е јазичната бариера.

Освен во Хрватска, Црна Гора, Грција, нашите работници летово ќе одат на печалба и во Албанија. Туризмот во Албанија забрзано се развива, а последниве години сè поголем број странски туристи одлучуваат на летуваат на албанското крајбрежје. Во пресрет на летната туристичка сезона, голем број барови, ресторани и хотели имаат недостиг на работници. На Албанија ѝ требаат повеќе од 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери. Економските експерти велат дека, освен во туризмот, Албанија доживува и градежен бум. Се градат патишта, згради, хотели… Поради тоа, последнава година, голем број македонски работници, пред сè од градежниот и од угостителско-туристичкиот сектор, користејќи ја можноста за работа без виза, преку иницијативата „Отворен Балкан“, заминуваат на работа во оваа соседна земја.

Од агенциите за посредување за вработување во странство велат дека со оглед на близината на Албанија, сè поголем број наши работници сакаат да одат да работат таму, но проблем е јазичната бариера.

Тој додава дека Македонците претежно одат на сезонска работа во Албанија и работат како келнери, шанкери, а има и собарки во хотелите. Платите во угостителството се за 20 отсто повисоки од македонските, пониски од оние што ги земаат сезонските работници во Хрватска, а на ниво на платите во Црна Гора. Тоа значи дека се движат од 800 до 1.000 евра.

Економистите и аналитичарите во државата оценуваат дека причина за одењето на сезонска работа во Албанија се повисоките плати.

Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи вели дека кога ќе ги средиме работите кај нас, младите ќе престанат да се иселуваат.

Според податоците на Националната агенција за вработување и вештини (АКПА), минатата година, во Албанија, со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски државјани. Доминираат италијанските, турските и индиските, а не е мал процентот и на македонските, косовските и на пакистанските државјани.

Ако ги погледнеме огласите за вработување во Албанија, во дел од нив се нудат и плати од 1.000 евра, па дури и 1.500 евра, но има и доста огласи каде што износот на платата е 800 евра.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik